Се повеќе информации се појавуваат за инцидентот на Конор Мекгрегор кој минатиот викенд се случи во еден даблински паб. Од официјалниот извештај на полицијата може да се заклучи дека инцидентот е дело токму на најпопуларниот ММА борец.
Да потсетиме, пред два дена на друштвените мрежи се појавија објави на граѓани кои сведочеа дека тепчаката во пабот ја започнал Конор Мекгрегор. Популарниот борец удрил личност кој била постара од него и која со ништо не го провоцирала.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Добро познатиот ирски борец нападнал близок соработник на картелот Кинан во пабот во јужен Даблин. Човекот кој бил удрен бил на возвраст околу 50 години кој бил поврзан со осуден дилер Грахам „Виг“ Велан.
Од сите извештаи може да се заклучи дека навистина Конор Мекгрегор бил напаѓачот. Кога во прашање е нападното лице, картелот Кинан е најголемиот ирски картел кој го води 60 годишниот Кристи Киинан за кого се верува дека живее во Дубаи. Богатството му се проценува на милијарда долари.
If this is Conor McGregor, he might be in big truble with the wrong people. pic.twitter.com/YRHCP1QXS4
— MMA News (@BestMMAnews) November 28, 2017
Conor McGregor lamping the head of gangsters in a bar in Dublin then the Kinahans coming out asking for £900k or they'll stiff him… this story could only be made better if they upped their offer and went full Dr Evil and asked for: pic.twitter.com/vhy1RYdURr
— Dan Murphy (@katmereMUFC) November 28, 2017