Рускиот тенисер, Данил Медведев не успеа да го освои трофејот на првиот мастерс во сезоната, Индијан Велс.
Медведев во финалето беше поразен од Карлос Алкараз со 2:0 во сртови (7:6 и 6:1). Добро го започна првиот сет рускиот тенисер, но подоцна Алкараз направи пресврт.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Внимание привлече реакцијата на Медведев кој беше незадоволен од „застрената технологија“, па по мечот зборуваше за незадоволството од ситуацијата.
„Постојат некои работи во тенисот кои се застарени. Нема линиски судии и океј, топката е добра го знам тоа, имаме систем кој се следи во живо. Но, си мислев – дај покажи ми. Судијата може да ми покаже на „ајпадот“, но мислам дека тоа не може да врати неколку удари поназад.
Денеска луѓе одат во вселената се е можно. На телефонот ми излегуваат работи за кои зборувам, а судијата не може да ми покаже трага од пред три удари? Не е ништо посебно или претешко“, зборуваше Медведев.
"tennis is such a shit sport" – daniil medvedev iw 2024 pic.twitter.com/weIbSf3jcG
— Irina (@atpobsessed) March 17, 2024