Младата ѕвезда на Монако, Килијан Мбапе не се возбудува премногу од фактот што му даде гол на големиот Буфон, бидејќи неговиот тим испадна од Лигата на шампиони.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Елиминирани сме од турнирот, но остануваме со високо кренати глави.Погодокот против Буфон не ни помогна на никаков начин. Тоа е само една случка“, прокоментира младиот напаѓач.
„Имавме многу добра серија и нема за што да жалиме оваа сезона во европските турнири. Да играме против топ тимовите е најдобар начин да се развиеме. Научивме многу. И јас научив доста, ќе се обидеме да се вратиме уште посилни наредната година“, додаде Мбапе.