Дома Фудбал Останато Мбапе го нападна ПСЖ: Ми се заканија дека нема да играм цела година

Мбапе го нападна ПСЖ: Ми се заканија дека нема да играм цела година

Килијан Мбапе вчера и официјално беше промовиран за нов играч на Реал Мадрид, а денес го даде првото интервју.

Мбапе како слободен играч се пресели во Реал Мадрид, а ПСЖ правеше се да избегне негово заминување без пари, па дури се служеле со недолични методи.


Роналдо и со 39 години ја предводи Португалија! ↓↓↓


„Чувствувам големо олеснување. Многу сум среќен и мислам дека тоа лесно се покажува на моето лице. На крајот од сезоната играв помалку. Сите знаат зошто. Но, тоа нема да биде оправдување за време на Европското првенство“.

„На почетокот на сезоната ми беше објаснето дека повеќе нема да играм за ПСЖ, во лице ми беше кажано, грубо ми зборуваа, ми го кажаа тоа. Луис Енрике и Луис Кампос ме спасија. Без нив јас не би стапнал повторно на теренот, тоа е вистината и затоа отсекогаш сум им бил толку благодарен на тренерот и на спортскиот директор“, изјави Мбапе.

„Не бев несреќен, тоа ќе беше шлаканица во лице за луѓето кои ме бранеа. Но одредени работи ме правеа несреќен. Се обидов да бидам позитивен колку што можев. Тренерот, соиграчите и сите вработени во клубот ме поддржуваа, па немаше да биде фер кон нив доколку се жалев, плачев и велев дека не сум среќен. Но да, одредени луѓе ме правеа несреќен. Ми дадоа јасно до знаење дека нема да играм цела сезона, ми го кажаа тоа во лице, и тоа насилно“, додаде Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Објавен распоредот и во Ла Лига: Столе дебитира против Барса!

Шпанската Ла Лига како и Премиер лигата претходно, го објави распоредот за новата сезона, …