Од САД за Роналдо пристигнуваат вести кои сакаше да ги слушне, но од друга страна во неговата татковина предвидуваат дека се долго ќе трае, но дека Португалецот нема причини за грижи.
Кристиано Роналдо случајот со Кетрин Мајорга го оставил зад себе, барем така тврдат поголемиот дел од медиумите, американската јавност верува дека Мајорга нема основа да го тужи славниот фудбалер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Не е во прашањето времето кога се случило, туку што нема никакви нови докази, ниту оштетената страна пријавила сведочење на уште некоја потенцијална жртва.
Судот се уште не одлучил дали воопшто ќе има судење, а полицијата во овој момент бара доказ. Мајорга наводно е во тешка позиција затоа што во полицијата еден ден по настанот не го кажала името на сторителот, а спогодбата на која таа се повикува нема вредност затоа што се работи за хакиран документ.
Ако нема доволно докази да се поднесе обвинување против Роналдо, ќе следи нова битка, но овој пат Португалецот како оштетена страна со неговиот адвокат Кристиенсен ќе бара астрономска оштета.
Како и да изгледа на Роналдо сега му преостанува да се насочи само кон случувањата во Јувентус и натпреварите кои следат, а еден од нив ќе биде посебен за него – против Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите.