Многу светски медиуми пред неколку дена објавија вест дека Кристиано Роналдо по втор пат ќе стане татко.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Роналдо на Инстаграм објави фотографија со својата девојка Георгина Родригез, а сликата направи лавина на шпекулации. Португалецот на фотографијата ја држеше својата девојка на стомакот, па тоа многумина го толкуваа како знак дека Георгина е трудна.
Меѓутоа, мајката на Роналдо, Долорес Авеиро ги демантираше сите овие шпекулации, и изјави дека приказните дека нејзиниот син по втор пат ќе стане татко се невистинити.
„Тоа се глупости, измислици. Доколку тој ја држи раката на нејзиниот стомак тоа значи дека е бремена? Колку што јас знам, Кристиано нема да стане татко по втор пат. Се надевам дека во иднина ќе има уште деца бидејќи е финансиски сигурен и може тоа да си го дозволи. Но, Георгина не е бремена“, изјави Долорес.