Играчот за врска на Челзи, Мејсон Маунт е се поблиску до напуштање на клубот, пренесува „Гардијан“.
Двете страни долго време водат преговори, но без особен прогрес, бидејќи никој не сака да отстапи од своите позиции.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
24-годишниот играч за врска не сака да отстапи од своите финансиски барања, па на лето е спремен да го промени клубот.
Маунт две години по ред беше избран за најдобар играч на Челзи, но клубот не сака да му даде плата од 200.000 фунти неделно.
Ситуацијата будно ја следат Манчестер Јунајтед и Ливерпул кои се силно заинтересирани за англискиот репрезентативец.