Женската ракометна репрезентација до 18 години има добри шанси да се пласира помеѓу најдобрите осум во светот.
Вечерва Македонија игра против Исланд од 20:30 часот. За Исланѓаните овој натпревар нема резултатско значење затоа што веќе се пласирани во четвртфиналето. Тие се први во групата со четири бода, еден повеќе од нас, Шведска е трета со еден бод и претставува закана за второто место кое не носи во помеѓу најдобрите осум.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Опциите за наш пласман во четвртфиналето се следните:
Ако го победиме Исланд продолжуваме во четвртфиналето како први од нашата група и за противник ќе ја добиеме репрезентацијата која е втора од групата 3.
Со нерешено ќе се пласираме во четвртфиналето како второпласирани што значи ќе се соочиме со првата селекцијата од групата 3, тоа ќе б иде најверојатно Јужна Кореја, репрезентација која има 100% ефект досега на СП.
И со пораз би можеле да се пласираме во четвртфиналето, но тогаш ќе зависиме и од другиот натпревар во нашата група и ќе се бори гол-разликата. Македонија во овој момент има +12, а Шведска -5. Шведска и Иран играат од 18:30 часот па затоа нашата репрезентација предвреме ќе знае со каков пораз би се пласирале.
Сепак, најдобрата опција е победата и продолжување во следната фаза како првопласирани.