Голманот на аргентинската репрезентација, Емилијано Мартинез во интервју за „Франс Фудбал“ проговори за скандалозните реакции после освојувањето на Светското првенство.
Тој имаше контроверзна прослава со трофејот, а и упати навредливи скандирања и песни против Мбапе.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Во цела моја кариера играв со Французи и никогаш немав проблм. Можете да го прашате Оливие Жиру каков човек сум. Го сакам францускиот менталитет и култура. Гестот со трофејот за најдобар голман беше шега со моите соиграчи“.
„Тоа е работа за соблекувалната и не требаше да излезе во јавноста. Кога Франција не победи во 2018 година, се сеќавам дека имаше песни за Меси. Ако го победиш Бразил, ќе пееш за Нејмар. Немам ништо лично против Мбапе, напротив,го почитувам многу“, изјави Мартинез.
Emi Martínez on the chants about Mbappé:
— All About Argentina 🛎🇦🇷 (@AlbicelesteTalk) February 10, 2023
“The locker room thing is a locker room thing. When France beat us in 2018, there were chants about Messi. If a team beats Brazil, they will sing about Neymar. I’ve nothing personal against Mbappé. I respect him enormously…” pic.twitter.com/JUzoiHwZ1z