Дома Трансфер зона Марсеј во јанаури го доведува „отпишаниот“ од Јувентус?

Марсеј во јанаури го доведува „отпишаниот“ од Јувентус?

Швајцарецот од редовите на Јувентус после седум години наскоро го напушта клубот.

Прашање на време е само дали во јануари или во летниот преоден рок, Стефан Лихштајнер сигурно заминува од Торино. Денес италијанските медиуми пренесуваат дека, француски Марсеј има желба да го доведе фудбалерот на Јувентус и тоа веќе оваа зима.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Договорот на Лихштајнер истекува на крајот од сезоната и тој не е на листата фудбалери на Јувентус кои настапуваат во Лигата на шампионите.

Нов договор нема да му биде понуден. Според „Ла Стампа“ Марсеј е силно „загреан“ за да го доведе веќе во јануари. Овој десен бек наредниот месец полни 34 години, а во екипата на Јувентус настапува од 2011 година кога пристигна од редовите на Лацио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…