Директорот на Интер Бепе Марота изјави дека има решение како во иднина да се решат ситуациите со неверојатните суми кои се плаќаат на трансфер пазарот.
Јасно е дека во претходните стана нормалено за еден просечен играч да се плати 50 милиони евра што е навистина премногу. Границите беа поместени кога пред две годинии ПСЖ плати 222 милиони евра за Нејмар и околу 40 помалку за Мбапе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бепе Марота сега изјави дека има интересен предлог како да се избегнат астрономските суми во иднина.
Меѓутоа неговиот предлог сигурно нема да биде добро прифатен од клубовите кои оформуваат и скапо продаваат играчи.
„Во минатото беше поинаку, имаше некои граници. Некогаш играчите не можеа многу да направат бидејќи за се прашуваше клубот, потоа дојде Бусмановото правило кое промени. Тоа е некако вистински пример да се работи трошењето на суми како што тоа се прави денес нема смисла“.
„Можно решение е ако сите ја спуштат цената. Играчите кои ќе наполнат 25 години треба да вредат нула евра. Тоа значи дека играчот ќе биде под дговоро, но клубовите не би требало да плаќаат оштети за нив туку само да ги договорат условите и платата за играчот. Играчот преговара за себе и договорот кој ќе го има и тоа е тоа“.
„Секако тоа повеќе им одговара на големите клубови, но исто така и малите клубови би можеле да заработат пари на играчите пред да наполнат 25 години“, изјави Марота.