Дома Трансфер зона Марота потврди дека Скриниар е на продажба

Марота потврди дека Скриниар е на продажба

Генералниот директор на Интер, Џузепе Марота зборуваше за трансфер плановите на „нероаѕурите“ во летниот преоден рок.

Марота потврди дека клубот е фокусиран на доведување на Ромелу Лукаку и Пауло Дибала, но исто така потврди дека клубот мора да го заврши преодниот рок со позитивно салдо.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Тоа значи дека Интер ќе мора да продаде една од своите ѕвезди, а Марота не негираше дека тоа може да биде Скриниар.

„Скриниар? Треба да го завршиме преодниот рок со позитивен баланс, во моментов е  многу полесно да се замени дефанзивец отколку напаѓач. Поради тоа е можна продажба на некој од дефанзивците. Што се однесува до Лаутаро, тој не е на продажба“, изјави Марота.

Италијанските медиуми пренесуваат дека во моментов се водат преговори помеѓу ПСЖ и Интер за Скриниар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Тонали е примарна трансфер цел на Јувентус

Најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде италијанскиот репрезентативец С…