Џузепе Марота неодамна ја заврши својата авантура во Јувентус каде што како главен оперативец на „старата дама“ беше еден од главните „виновници“ за изградбата на тимот кој доминира во Италија, а набрзо потоа премина во големиот ривал на клубот од Торино, Интер.
Во овие моменти е задолжен за трансфер политиката во Интер и веќе се „фрли“ на работа во новата средина. Вчера пред почетокот на натпреварот со Рапид Виена, Марота се појави во јавноста со важни вести за Диего Годин.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Марота ги израдува „нероаѕурите“ со зборовите дека преговорите со ургувајскиот фудбалер се во напредна фаза, а и не заборави да испрати „отровна стрела“ кон „старата дама“ со тоа што голот на Годин против Јувентус го означи како добра вест.
„Среќен сум од тоа како ситуацијата се развива. Навистина беше убаво да се види како Годин вчера постигнува гол. Кога во прашање се другите работи можам да кажам само дека сум оптимист и дека наскоро можете да очекувате официјално соопштение од нашиот клуб на таа тема“, изјави Марота.
После оваа изјава на Марота се потврдува она што и веќе долго време се тврди во медиумите дека Јувентус и Марота не се разделија на пријателски начин.
Интер во вчерашниот натпревар во Лигата на Европа против Рапид забележа убедлива победа од 4:0 со што го потврди пласманот во следната фаза од второто по ранг натпреварување во Европа.