Дома Трансфер зона Марота пронајде уште едно одлично бесплатно засилување за Интер

Марота пронајде уште едно одлично бесплатно засилување за Интер

Марио Хермосо е на излезна врата од Атлетико Мадрид, a според последните најави негов нов клуб може да биде Интер.

Мадридските медиуми потсетуваат дека нема шанси Шпанецот да потпише нов договор со Атлетико и дека на лето ќе го избере својот нов клуб како слободен играч.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наводно, токму Интер му нуди четиригодишен договор и солидна плата од пет милиони евра по сезона.

Хермосо е првиот избор на Бепе Марота, а зелено светло има и од Симоне Инзаги, така што работите одат во насока на лето да им се приклучи на „нероаѕурите“.

Хермосо е дете на Реал Мадрид, каде што никогаш не доби вистинска шанса, па се пресели во Еспањол, кој го продаде на Атлетико за 25 милиони евра во летото 2019 година.

Со овој трансфер Марота по којзнае кој пат би покажал дека е мајстор во својот занает кога се во прашање слободните играчи. Од претходно е познато дека на лето без оштета треба да пристигнат Пјотр Зиелински од Наполи и Мехди Тареми од Порто, Минатото лето по истата формула го донесе Маркус Тирам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан на чекор од засилување од Примера

Милан постигал договор со поранешниот лев бек на Барселона, Хуан Миранда, кој моментално н…