Дома Македонски спорт Марко е спортски херој, преплива 64 километри во Охридското езеро

Марко е спортски херој, преплива 64 километри во Охридското езеро

Марко Пејчиновски, младиот македонски пливачки маратонец  направи уште еден нов неверојатен подвиг откако претпладнево пристигна до зацртаната цел.

Тој на денешниот празник Успение на Пресвета Богородица заврши со својот маратон од 64 километри и истиот го исплива за 21 час и 42 минути. Пејчиновски пливаше на релација Охрид – Струга – Св. Наум – Охрид.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Со денешното препливување, Марко ќе го исполни ветувањето дадено на почетокот на летото, кога најави 10 препливувања и околу 250 испливани километри.

„Како се чувствуваш? Супер,супер,но уморно.Што беше за тебе најголем проблем,што ти го отежнуваше пливањето? Повеќе работи ,повеќе.Што беше за тебе мотив за овој подвиг? Да си ја поправам грешката од 2019-та“, изјави Марко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…