Дома Фудбал Останато „Марка“: Перез веќе контактирал двајца тренери!

„Марка“: Перез веќе контактирал двајца тренери!

perez

Како бомба одекна во фудбалскиот свет веста дека Зинедин Зидан повеќе не е тренер на Реал Мадрид, а вендаш потоа започна да се бара и неговиот наследник.

Французинот изненадувачки одлучи да го напушти Реал, а Перез веќе е во потрага по негова замена.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Прва желба на „кралевите“ наводно е Маурисио Покетино од Тотенхем. Перез како што наведува „Марка“ веќе го контактирал Аргентинецот, но проблем претставува фактот што Покетино неодамна го продолжи договорот со „кралевите“ до 2023 година. Одредени медиум во текот на вчерашниот ден пишуваа дека Покетино во својот договор има клазула според која може да го напушти Тотенхем доколку добие повик од Реал Мадрид, но тоа не е потврдено.

„Марка“ наведува дека Спарсите ќе му дозволат да преговара со Реал и ако успее да постигне договор на Тотенхем ќе му биде исплатена оштета, а Покетино ќе го превземе Реал Мадрид.

Освен него, во текстот на „Марка“ се наведува и дека Перез го контактирал и Јоаким Лев. Германецот веќе долго се поврзува со клупата на гигантот од Мадрид, но тој и остана верен на репрезентацијата.

Лев има договор со Германија до 2022 година. Меѓутоа понудата од Мадрид, наводно е таква за која ќе размисли. Но, доколку изборот падне на Лев тој сигурно би пристигнал дури по завршувањето на Мундијалот.

Покрај овие двајца се споменуваа Масимилијано Алегри и Антонио Конте, но наводно само со Лев и Покетнио остварил контакт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…