Дома Македонски спорт „Марка“: Пандев е лидерот, а македонските фудбалери се наследници на Филип Втори и Александар Македонски!

„Марка“: Пандев е лидерот, а македонските фудбалери се наследници на Филип Втори и Александар Македонски!

Најпознатиот спортски весник во Шпанија „Марка“ во краток текст ги најавуваше репрезентациите кои ќе играат ова лето на Европското првенство.

На Европското првенство како што е добро познато во македонската јавност ќе играме и ние, еве што „Марка“ напиша за нас.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


„УЕФА имаше план да им даде шанса на помалите земји да настапат на Европско првенство, Македонија тоа го искористи и се најде на големата сцена. Македонија се пласираше преку баражите во Лигата на нации во 2018 година“.

Фудбалерите „Марка“ ги спореди со Филип Втори и Александар Македонски.

„Горан Пандев е лидерот на теренот, а наследниците на Филип Втори и Александар Македонски тргнаа како Пепелашка на Евро. Нивниот бунтовен карактер многу им помогна, а како предупредување за сите пред ЕП ја победија Германија во мундијалските квалифицикации“, пишува „Марка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Мбапе бара 240 милиони евра, додека ПСЖ бара 180 од него

Килијан Мбапе беше во фокусот на судска битка помеѓу него и клубот Пари Сен-Жермен. Откако…