За првпат после јули 2018 година Серхио Рамос и Кристиано Роналдо ќе се најдат на ист терен, ќе биде тоа во натпреварот помеѓу Шпанија и Португалија, баш како и на Светското првенство во Русија.
Рамос и Роналдо девет години беа соиграчи во Реал Мадрид, а вечерва ќе се најдат на спротивни страни, како капитени на своите репрезентации.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Марка“ пред натпреварот откри детали од тивката војна која се води помеѓу овие двајца две години. Иако, остана почитуван во соблекувалната на „кралевите“ некаде „пукна тиквата“.
Рамос и друштвото на португалскиот ас најмногу му замериле како се однесувал кога Златната топка му беше доделена на Лука Модриќ во 2018 година, остана во подобар однос само со Марсело.
Од заминувањето од Реал помеѓу Рамос и Роналдо немало никаков контакт. Веројатно пред натпреварот ќе си разменат неколку зборови, но приватно немаат контакт.
Роналдо беше во Мадрид на последното „Ел Класико“, но не му беше дозволено да влезе во соблекувалната и да ги поздрави своите поранешни соиграчи. Од натпрварот си замина неколку минути пред последниот судиски свиреж.
И додека со Рамос односот на Роналдо е „ладен“ тоа не може да се каже и за првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез со кого Португалецот има посебен однос.