Српскиот напаѓач Лука Јовиќ пред една година пристигна како големо засилување во Реал Мадрид од редовите на Ајнтрахт.
Јовиќ после одличната сезона во германскиот клуб привлече интерес од многу клубови, но кога дојде повикот од Мадрид знаеше каде да оди. Реал за него издвои 60 милиони евра, но Јовиќ во својата прва сезона се покажа како целосно промашување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реномираната „Марка“ денес ја посвети насловната страна на Јовиќ и жестоко го критикуваше. Шпанскиот медиум не зборуваше за скандалите кои ги направи Јовиќ надвор од теренот туку исклучиво за она што тој го прави на теренот.
Јовиќ во изминатата сезона во Ла Лига одигра 17 натпревари и постигна само два гола и додаде една асистенција.
Српскиот напаѓач постигна два гола за кои Реал плати по 30 милиони евра со оглед на тоа што Реал го доведе за 60 милиони евра.