Дома Останати Мари само една победа го дели од првото место!

Мари само една победа го дели од првото место!

Новак Ѓоковиќ ја загуби титулата на Мастерсот во Париз, откако во четвртфиналето подобар од него беше Марин Чилиќ (4-6, 6-7). По елиминацијата на Ѓоковиќ, Британецот Енди Мари се наоѓа на една победа до првото место на АТП листата.

Марин Чилиќ во 15-от дуел со Новак Ѓоковиќ ја забележа првата победа. Хрватскиот тенисер одигра одличен меч максимално ги искористи своите шанси и славеше 6-4, 7-6. За пласман во финалето тој ќе игра против Американецот Џон Изнер.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Поразот на Ѓоковиќ со голема веројатност значи дека од понеделник АТП ќе добие нов број 1. Тоа ќе биде Енди Мари кој во четвртфиналето го победи Томаш Бердих 7-6, 7-5.

Мари од понеделник ќе се искачи на првото место на АТП листата доколку успеа да се пласира во финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ направи пресврт и се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос, каде ќе игра против Синер

НОВАК ЃОКОВИЌ (АТП – 6.) е последниот полуфиналист на Ролан Гарос. Српскиот тенисер …