Дома Трансфер зона Манџукиќ може да се пресели во Катар

Манџукиќ може да се пресели во Катар

Напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ може кариерата да ја продолжи во Катар,  пренесува „Тутоспорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хрватот не влегува во плановите на новиот тренер Маурицио Сари и нема да биде пријавен за настап во Лигата на шампиони.

Во текот на целото лето имаше шпекулации за трансфер на 33-годишниот напаѓач, но тој остана во Торино. Меѓутоа, сега има шанси Манџукиќ да ја прифати понудата од Блискиот Исток.

Трансферниот прозорец во Европа се затвора денес, па Манџукиќ готово сигурно нема да се пресели во друг европски клуб.

Меѓутоа, трансферите во Катар се отворени до крајот на септември, а неколку клубови се заинтересирани за хрватскиот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…