Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед одлучи: По Руни, Видиќ, Невил, Кин и Кантона следен е…

Манчестер Јунајтед одлучи: По Руни, Видиќ, Невил, Кин и Кантона следен е…

Иако Манчестер Јунајтед цело лето бата играч на неговата позиција и некој кој ќе донесе свежа крв во екипата, Мајкл Керик и натаму има голема доверба од страна на Жозе Мурињо.

Португалецот тоа го покажа најпрво со продолжувањето на договорот со искусниот играч за врска до јуни 2018. година, а денес и со одлуката Керик да биде новиот капитен на „Црвените ѓаволи“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ова е и логичен избор до некаде, со оглед на тоа дека Керик е играч со најдолг стаж во клубот од актуелните првотимци, но и претставува продолжена рака на тренерот на теренот.

Капитенската трака ја наследи од Вејн Руни кој ја носеше во изминатите три години. Пред Руни, капитен три години беше Немања Видиќ, а претходно и Гери Невил шест години, Рој Кин осум години, Ерик Кантона една година, Стив Брус две години.

Сега е редот на Керик да ја продолжи традицијата на Манчестер Јунајтед. Но, само на една сезона бидејќи верувале или не, многу е голема веројатноста тој да и стави крај на својата кариера следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…