Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен ќе водат голема битка за ѕвездата на Лајпциг и шпански репрезентативец Дани Олмо.
Олмо ја помина школата на Барселона во младинските категории, од каде замина за Динамо Загреб каде ја доживеа својата фудбалска афирмација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега блеска во дресот на Лајпциг и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а сака да направи и чекор напред во кариерата.
Тој во договорот има откупна клаузула од 60 милиони евра, која споменатите клубови се спремни да ја платат.
Неколку европски гиганти покажуваат интерес, но главната битка за неговиот потпис ќе ја водат Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен.