Дома Фудбал Останато Манчестер Сити го избрал новиот спортски директор!

Манчестер Сити го избрал новиот спортски директор!

Во текот на вчерашниот ден беше објавено дека Тики Бегиристајн го напушта Манчестер Сити по цели 12 години во клубот.

Шпанецот е еден од најдобрите спортски директори во историјата на фудбаот бидејќи претхдно испишуваше историја во Барселона во период од 2003 до 2010 година.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Сепак, тој почувствува момент да се повлече, а своето место ќе го препушти на некој друг, а најголеми шанси да го наследи има Уго Виано.

Во прашање е легендарниот Португалец кој во овој момент работи како спортски директор во Спортинг Лисабон каде што во тандем со Рубен Аморим создаде одличен тим. Токму тој е заслужен што Спортинг има играчи како Ѓеќереш, Диоманде и Хјумланд кои се мета на бројни европски гиганти.

Се пишува дека Виано уште веднаш би добил тешка задача, а тоа е да го доведе Џамал Мусиала кој во Сити би можел да биде замена за Кевин Де Брујн за кого се најавува дека може да замине.

Мусиала се уште не потпишал нов договор ос Баерн Минхен, но Германците неговиот потпис го ставија како апсолутен приоритет и веќе на големо водат преговори. Баерн сака да го направи најплатен во екипата заедно со Хари Кејн, па ако се остварат наајвите си Виано сигурно нема да има лесна задача.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Пандев, Лазаров и Иџе повеќе нема да рекламираат спортски обложувалници“

Минестерот за спорт, Борко Ристовски денеска одржа прес-конференција на која зборуваше што…