Манчестер Јунајтед му се приклучи на градскиот ривал Манчестер Сити во битката за потписот на плејмејкерот на Милан, Исмаил Бенасер.
22 годишниот фудбалер ја игра првата сезона како член на Милан по неговиот трансфер од Емполи и со своите настапи го привлече вниманието на големите европски екипи кои го посакуваат во своите редови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бенасер има откупна клаузула од 50 милиони евра и доколку го сакаат треба да ја платат таа сума бидејќи Милан не сака да преговара за негов трансфер.
Треба да се спомене дека неговиот талент помеѓу првите го забележа Арсен Венгер кој во 2015 година го доведе во вториот тим на Арсенал за 500.000 евра.
Минатата година блесна во дресот на Емполи, а потоа беше прогласен за најдобар играч на Африканскиот куп на нации.