Милан е во потрага по квалитетен дефанзивец за да го замени Симон Кјаер, кој ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда.
„Скај Италија“ пренесува дека прва желба на Малдини е дефанзивецот на Челзи, Андреас Кристенсен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Челзи не може да се договори со Кристенсен за нов договор и преговорите се во застој во моментов. Неговиот договор со „сините“ истекува во јуни 2022 година и тој веќе во јануари ќе биде слободен да преговара со други клубови.
Милан сака да ја искористи таквата ситуација, но треба да ја победи конкуренцијата бидејќи дефанзивецот е на мета на многу европски гиганти.
Наводно неговиот сонародник Симон Кјаер веќе почнал да го убедува Кристенсен да ја прифати понудата на Милан.
Милан минатата година го доведе Факијо Томори од Челзи и тој трансфер се покажа како вистински погодок за „росонерите“ бидејќи се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивеци во Серија А.