Дома Македонски спорт Максимов од Шкендија потпиша за австриски ЛАСК, но една година ќе игра во Норвешка

Максимов од Шкендија потпиша за австриски ЛАСК, но една година ќе игра во Норвешка

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Методи Максимов кој досега го носеше дресот на Шкендија се сели вo редовите на австриски ЛАСК од Линц кој веднаш го испраќа на позајмица.

Максимов со ЛАСК потпиша договор до јуни 2028 година, а неговата промоција треба да биде денеска. Но, уште веднаш е договорено една година да помине на позајмица од ЛАСК во Алесунд од Норвешка.

Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓


Двата клуба се договорија за позајмица до јануари 2025 година. Максимов во наредните денови ќе ги започне подготовките за новата сезона во Норвешка која стартува на 1. април.

Зад себе Максимов има одлична година во дресот на Шкендија каде што пристигна во јануари 2023 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…