Напаѓачот на ПСЖ, Едисон Кавани тврди дека помеѓу него и Нејмар нема никакви проблеми по препреките околку изведувањето на пеналот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Не разбирам зошто се крена прашина за ова. Се измислуваат различни приказни, но вистината е дека такви работи се случуваат во фудбалот. Од мојот брат слушнав дека се пишува дека Кавани не дозволува на никој да изведува пенали, дека е во конфликт со Нејмар, но вистината е дека нема никакви проблеми“, изјави Кавани.
„Нејмар само што дојде во нашиот тим и потребно му е време да се прилагоди, се надевам дека ќе успее во тоа“, додаде напаѓачот на ПСЖ.
Медиумите се прашуваат дали овој негов „дипломатски“ одговор е навистина вистина.