Дома Македонски спорт Македонските надежи ги дознаа противниците за следните квалификации

Македонските надежи ги дознаа противниците за следните квалификации

Македонските селекции до 17 и до 19 години ги дознаа противниците за следните квалификации во 2020 година.

Репрезентацијата до 19 години ќе се бори за пласман на Европското првенство во 2021 година, а се наоѓа во група со Чешка, Данска и Албанија. А доколку ги поминат квалификациите, тогаш ќе играат на натпреварувањето во Романија.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Фудбалерите до 17 години добија малку потешка група, зашто ќе треба да се пресмета со Полска, Германија и Малта, па ќе се обидат да обезбедат пласман на Евро 2021 кое ќе се игра во Кипар.

„Групата во која се наоѓаме не е најтешка, но ниту наивна. Данска е фаворит, Чешка игра на домашен терен, но за нас тоа не менува премногу. Ќе ја бараме својата шанса, а целта е да бидеме меѓу двете најдобри репрезентации кои ќе обезбедат место во следната фаза за Европско првенство”, изјави селекторот на У19 селекцијата, Арслани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…