Дома Останати Авто Мото Македонскиот автомобилист Ристо Вуков во Имола ја започна новата сезона

Македонскиот автомобилист Ристо Вуков во Имола ја започна новата сезона

Македонскиот автомобилист Ристо Вуков – Рико, втора сезона по ред настапува во натпреварувањето Порше Суперкуп, кое има највисок глобален ранг, бидејќи во него настапуваат најдобрите од големиот број серии кои се возат низ светот.

Традиционално, трките од Порше Суперкуп се возат пред оние од Формула 1, па така за време на Ф1 викендот во Имола, Вуков продолжи онаму каде што требаше да започне минатата сезона, но трката беше откажана поради поплавите во покраината Емилија Ромања.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во квалификациите, Рико го извозе своето најдобро време од 1:43.641, при што обележје на сесијата беше дека само првите четири возачи се издвоија со со времиња од 1:42.4 до 1:42.6, а од 5 до 18 место имаше вкупно 14 возачи кои имаат слично постигнување, меѓу1:42.9 и 1:43.7 и со тоа Македонецот се најде на 17 место. Неговите двајца тимски колеги се најдоа пред и зад Вуков, односно Киган Мастерс беше на 11 место, а Лирим Зендели на 22 место.

Во трката која започна со инцидент при борба за водечките позиции, а потоа беше аплицирано и возило за безбедност, Вуков мораше да биде мошне внимателен, но беше престигнат во мешаницата и загуби неколку позиции. По рестартот успеа да стигне од 20 до 18 место, а воедно го извозе и сопственот најбрз круг од трката во десеттиот од 14 круга, но за жал не успеа да се пробие повисоко.

Следната трка на Формула 1 е во Монако, па и Вуков од Имола веднаш продолжува кон малото кнежевство на Азурниот Брег, каде што го очекува нова трка претстојниов викенд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Официјално: Од 2026 година ќе гледаме нов тим во Формула 1

Tимот на Кадилак од 2026 година ќе стане 11. член на Формула 1 откако Џенерал Моторс, мати…