Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонска лига: Шкендија – Вардар и пелагониско дерби во прво коло!

Македонска лига: Шкендија – Вардар и пелагониско дерби во прво коло!

Денешната жрепка одлучи новата сезона во Првата македонска фудбалска лига да биде отворена со дерби дуел меѓу ривалите Шкендија и Вардар.

Сезоната почнува на 13-та август, а „најжешко“ ќе биде во Тетово каде Шкендија ќе го пречека Вардар.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Покрај тоа во првото коло се игра и пелагониското дерби, Победа го пречекува Пелистер, клубови кои во новата сезона влегуваат со исти амбиции.

Форматот останува ист, четири пати по девет круга и вкупно 36 кола. Календарот ќе биде потесен, поради обврската да се заврши до 20 мај за Светското првенство (СП) кое се игра во Русија.

Прво коло:
Шкендија – Вардар
Шкупи – Академија Пандев
Победа – Пелистер
Работнички – Ренова
Силекс – Скопје

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…