Младинската машка репрезентација на Македонија го забележа вториот пораз по ред во групната фаза на СП и во последниот меч против Бразил ќе мора да освои најмалку еден бод за да се пласира во осминафиналето. Македонија вечерва загуби од Шпанија 25:36.
Шпанците уште од самиот почеток го превземаа водството кое постојано во текот на натпреварот го зголемуваа. Големиот број загубени топки во напад на избраниците на Иле Темелковски им помогнаа на шпанските ракометари да поведат со 8 голови разлика во 20. минута, а до полувремето да дојдат и до првото двоцифрено водство (8:18).
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Второто полувреме мина мирно во однос на резултатот, Шпанија го одржуваше водството за конечен триумф од 36-25.
Со овој втор пораз во групната фаза, Македонија се наоѓа на третото место на табелата зад Шпанија која има досега максимален учинок и Тунис кој има бод повеќе.