Дома Македонски спорт Мак ракомет Македонија ќе биде домаќин на Светско првенство!

Македонија ќе биде домаќин на Светско првенство!

Ракометна Македонија уште еднаш ќе има шанса во живо да ги гледа и да ужива во натпреварите на најдобрите светски ракометарки, овој пат во јуниорска конкуренција.

Ракометната федерација на Македонија од 19 до 30 јуни ќе биде домаќин и организатор на 24 Светско јуниорско првенство во женска конкуренција. Ова ќе биде вториот мундијал за ракометарки до 20 години на кој ќе учествуваат 32 репрезентации.


Време е за фудбалска класика: Шпанија - Италија! ↓↓↓


На ждрепката што се одржа во Германија на 13.04.2024, најдобрите светски селекции беа поделени во осум групи со по четири тима и тие ќе играат меѓусебе во Прелиминарната рунда. По комплетирањето на трите кола, двете подобропласирани екипи ќе продолжат во Главната рунда, двете послаби ќе играат во Президент Куп.

Потоа од главната рунда, по две селекции од група ќе се пласираат во 1/4 финалето и ќе продолжат во елиминациите за медал, сите други репрезентации ќе разигруваат за пласман.

Натпреварите од Светското јуниорско првенство ќе се играат во три сали во Скопје. Салата „Борис Трајковски“ ќе биде домаќинот на македонската репрезентација, а таму ќе се играат и натпреварите од финалниот ден, заклучно мечот за златен медал.

Натпревари ќе се играат и во двете сали во спортскиот центар „Јане Сандански“.

Првенството почнува симултано во двете главни сали. На 19 јуни со почеток од 09:00 часот во „Борис Трајковски“ ќе се соочат екипите на Кореја и Мексико, а во големата сала во  СЦ „Јане Сандански“ во исто време ќе почне мечот меѓу Унгарија и Аргентина. Еден час подоцна, од 10:00 часот во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ ќе се сретнат репрезентациите на Швајцарија и Тунис.

Натпреварите од Прелиминарната рунда ќе се играат во термините од 09:00, 11:00, 13:30, 15:45, 18:00 и 20:15 часот.

Македонската репрезентција својот прв натпревар, против САД ќе го игра со почеток од 20:15 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Пад на Македонија на ФИФА ранг листата

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа пад на ФИФА ранг листата и сега се наоѓа…