Репрезентацијата од 21 година отпатува за Фарски Острови каде што утре од 15:00 часот ќе игра натпревар против Фарски Острови во рамките од 6. коло во квалификациската група за пласман на ЕП.
За утрешниот натпревар селекторот Благоја Милевски нема да смета на Марио Младеновски кој не отпатува во Торшван. Причина за неговото отсуство е повредата, а неизвесен и уште еден дефанзивец, Агрон Руфати. Руфати заработи повреда во дуелот против Шпанија во Скопје. Натпреварот сигурно ќе го пропушти капитенот Давор Здравковски поради жолти картони.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Се соочуваме со одредени проблеми поради повреди на некои фудбалери, но тоа е нешто што мораме да го прифатиме. Овој дуел ќе биде сосема поразличен во однос на натпреварот со Шпанија, но и нова можност за играчите да го потврдат својот квалитет и потенцијал. Покажавме дека можеме да се спротивставиме на најдобрите и тоа ни дава за право сеуште да веруваме во добар пласман во групата. Сега ситуацијата е поинаква, противникот иста така, но останува обврската да одиграме најдобро што можеме и секако да се однесуваме дисциплинирано и професионално во играта и нашиот однос. Верувам во фудбалерите и се надевам на многу позитивни работи на утрешниот натпревар“, изјави Благоја Милевски