Македонската репрезентација одигра „луд“ натпревар против Естонија, со многу осцилации, пресврти и на крајот стигнавме до еден бод (3:3).
Селекторот Ангеловски им даде одмор на неколку важни фудбалери, но Македонија добро го започна натпреварот и брзо дојдовме во водство со комичен автогол на Естонците.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во 33-та минута домаќините со голот на Сапинен го израмнија резултатот и со тој резултат се замина на одмор.
Домаќините подобро влегоа во вториот дел и дојдоа до комплетен пресврт во 61-та минута со вториот гол на Сапинен.
Тогаш реагираше селекторот Ангеловски и во игра ги внесе Пандев и Несторовски, па набрзо Македонија доби пенал за израмнување, но Трајковски ја погоди пречката. Во 76-та минута стигна казната и Ливак беше прецизен од белата точка за 3:1.
Во последните десет минути Македонија дојде до израмнување со головите на Пандев и Зајков, па од Талин се враќа со еден бод.
Фото: ФФМ