Дома Македонски спорт Мак ракомет Македонија со една нога на СП: Романија декласирана во „Борис Трајковски“

Македонија со една нога на СП: Романија декласирана во „Борис Трајковски“

Машката македонска ракометна репрезентација во рамки на првиот бараж дуел за пласман на СП, ја совлада Романија во СЦ „Борис Трајковски“ со 32:24.

Очекувано ја оправда фаворитската улога нашата ракометна репрезентација, иако Романија имаше водство на стартот од 2:0. Веднаш потоа со серија од 6:0, Македонија се врати и оттогаш не престана да доминира на теренот. На полувреме се замина со предност од 15:10.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во вториот дел со идентичен ритам, Македонија ја оддржуваше и ја зголемуваше предноста на паркетот, а на крајот црвено-жолтите сславеа со 32:24.

Во нашиот табор, Ристовски запиша 14 интервенции, додека во листата на стрелците се издвоија Манасков со 6 и Лазаров 8 погодоци. Ракотеа кај Романците се издвои во листата на стрелците со запишани 5 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Јапонецот кој блескаше во Вардар потпиша за Охрид!

Eкипата на Охрид потврди големо засилување во своите редови, потпиша со Јапонецот Коуске Ј…