Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонија се спаси против Израел во последна секунда ?

Македонија се спаси против Израел во последна секунда ?

Репрезентацијата на Македонија до 21 година денес го одигра натпреварот против Израел во рамките од квалификациите за Европското првенство.

Денес момците на Милевски не беа на нивото од претходниот натпревар против Казахстан па се спасија од пораз буквално во последната секунда од мечот (1:1).


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во 20-та минута по еден корнер нашата одбрана не реагираше најдобро и Елиас ја затресе мрежата на Јанков. Во второто полувреме Израелците пропуштија и прилика од пенал да дојдат до поубедлива предност. Ние се заканивме на неколку пати, но изостануваа оние 100% шанси.

Во последната секунда од натпреварот Јани Атанасов постигна гол од слободен удар за израмнување и важен под на Македонија.

Македонија по ова реми останува на втората позиција со 14 бода, пред Израел кој има 12 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Миовски пресреќен: Чест ми е што сум во тимот на сезоната во Шкотска!

Репрезентативецот на Македонија, Бојан Миовски доби место во идеалниот тим на Премиер лига…