Дома Македонски спорт Мак ракомет Македонија место во Скопје против Грција ќе игра во Струмица

Македонија место во Скопје против Грција ќе игра во Струмица

Ракометната репрезентација на Македонија одново ќе игра натпревар надвор од Скопје.

Како што е објавено на официјалната страна „ЕХФ“ Македонија натпреварот против Грција место во Скопје ќе го игра во Струмица.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Претходно иако беше објавено дека последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство во 2020 година ќе се игра во Скопје, сепак на крајот одлуката е промената и одлучено е тој да се одигра во Струмица.

Кога во прашање се натпреварите на ракометната репрезентација во Струмица Македонија последниот натпревар во овој град го одигра пред шест години (2013) и тоа тој беше пријателски карактер против Црна Гора.

Средбата помеѓу Македонија и Грција е закажана за 16-ти јуни во 18:00 часот.

Ќе потсетиме во првиот натпревар од овој квалификациски циклус портив Грција изненадувачки бевме поразени на гости во Кожани.

Се надеваме овој пат нашите ракометари ќе одиграат онака како што знаат и дека ќе ја оправдаат фаворитската улога.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…