Дома Македонски спорт Македонија до 17 години: Пораз од Р. Ирска во второто коло од квалификацискиот турнир

Македонија до 17 години: Пораз од Р. Ирска во второто коло од квалификацискиот турнир

Македонската репрезентација до 17 години загуби од домаќинот Република Ирска во натпревар од второто коло од квалификацискиот турнир за пласман во Елитна фаза.

Нашите фудбалери одиграа добар натпревар, но немаа сили да им се спротистават на физички посилните ирци.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Стрелци на погодоците за Република Ирска беа Вата во 31. минута и Мехону во 73. минута.

Во првиот дел добар обид имаше Елмас, но неговиот удар од далечина заврши над противничкиот гол. Пред самиот крај на првите 45 минути добра можност пропушти Стојанов.

Во продолжението, Елмас повторно се закани, овој пат со глава, но немаше среќа. Најдобрата прилики за Македонија на овој меч ја имаше Стојанов кој успеа да се ослободи од тројца противнички играчи, си создаде простор, биеше, но голманот на Ирска одлично интервенираше.

Последниот натпревар од турнирот го играме против Андора, на 13. октомври со почеток во 14. часот по македонско време.

Македонија: Давид Стојановиќ, Андреј Аризанкоски, Марко Стојилевски, Даниел Марковски, Матеј Јаневски, Мартин Ѓорѓиевски (к), Адриан Зенделовски, Кире Стојанов, Мухамед Елмас, Зани Назифи, Леин Таири (Умерфарук Сулејман);

Селектор: Тони Јакимовски;

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија и во поразот од Литванија има кошаркар во топ 5

Ако во некој пораз има и некои добри моменти, тогаш на мечот Македонија-Литванија може да …