Дома Македонски спорт Мак ракомет Македонија денес патува за Луксембург: Кизиќ добива шанса пред Томовски

Македонија денес патува за Луксембург: Кизиќ добива шанса пред Томовски

Ракометната репрезентација на Македонија денес патува за Луксембург каде што утре ќе го игра натпреварот од квалификациите за Европското првенство 2024 година.

Поразите од Португалија се зад нас и сега избраниците на Лазаров веруваат во две победи со кои би обезбедиле пласман на континенталниот собир. Од составот на Лазаров за гостувањето кај оваа селекција отпадна Томовски, а шанса ќе доби Кизиќ заедно со првиот голман Никола Митревски.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Освен Томовски во Скопје остана и Едвид Омерагиќ од Алкалоид кој беше дополнително повикан на овој собир по повредите на Петров и Стојковиќ.

Натпреварот против Луксембург Македонија го игра утре од 20:15 часот, додека в недела во Скопје ќе гостува селекцијата на Турција во терминот од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…