Дома Македонски спорт Македонија го запиша најлошиот пласман во настапите на ЕП

Македонија го запиша најлошиот пласман во настапите на ЕП

Ракометната репрезентација на Македонија ги заврши настапите во групната фаза на Европското првенство, а по трите порази го запишавме најлошиот пласман на едно ЕП на кое сме учествувале.

Македонија Европското првенство го завршува на 22-то место од вкупно 24 учесни на ЕП. Полошо пласирани од Македонија се само Босна и Херцеговина и Украина.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ова е првпат на едно Европско првенство да не освоиме ниту еден бод во групната фаза и трет настап на кој не ја поминуваме првата фаза. Поради лошиот плсамн Македонија ќе игра два баражи за СП во јануари 2023 година.

Во првиот ќе бидеме носители, а ако поминеме во вториот ќе играме против противник од Европското првенство со кој ќе се бориме за место помеѓу 32 репрезентации кои ќе се натпреваруваат на СП следната зима.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Одржан состанок: Македонија ќе игра во регионална лига со Србија и Црна Гора – почнува од септември!

Претставници на ракометните федерации на Србија, Македонија и Црна Гора одржаа заеднички с…