Дома Македонски спорт Македонија го доби и петтиот претставник на Олимписките игри во Париз

Македонија го доби и петтиот претставник на Олимписките игри во Париз

Македонија го доби и петиот учесник на Олимписките игри кои ова лето ќе се одржат во Париз од 26. јули до 11. август.

Македонскиот олимписки комитет беше информиран дека, со заедничка одлука на Меѓународниот олимписки комитет и Меѓународната Џудо Федерација, врз основа на постигнатите резултати и постоечките правила, најдобриот македонски џудист, Еди Шерифовски (категорија -81 кгр) ќе учествува на Олимписките игри Париз 2024.


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Со ова продолжува трендот на континуирано учество на македонските џудисти и џудистки, имајќи во предвид дека ова се трети Олимписки игри по ред на кои учествуваат најдобрите македонски спортисти и спортистки во Џудо. Претходно Катерина Николовска во РИО 2016 и Арбреша Реџепи ТОКИО 2020 учествуваа на Олимписките игри, а сега и Еди Шерифовски.

Претходно беше потврдено учеството на атлетичарот Дарио Ивановски, борачт Владимир Егоров, таеквондистката Мила Рељиќ и Анатастија Мојсовска која ќе не претставува во спортско стрелаштво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Драма на стадионот: Маскирано лице висеше на кровот🎥

Дуелот меѓу Германија и Данска имаше 20-тина минути прекин во првиот дел поради лошите вре…