Дома Македонски спорт Македонија без Велковски против Хрватска и Чешка?

Македонија без Велковски против Хрватска и Чешка?

Репрезентативецот на Македонија, Дарко Велковски нема да настапи во неделниот натпревар за Динамо Букурешт поради повреда која ја заработил пред два дена на еден од тренинзите.

Велковски во дресот на Динамо игра во солидна форма и стана стандарден член на првиот тим, а во 16 натпревари постигна и еден гол. Сепак, сега поради повредата ќе биде во аут веројатно до крајот на сезоната.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Дарко се здоби со силен удар во еден дуел на тренингот. Имаше силни болки, по што беа направени медицински прегледи, а тие покажаа дека мора да паузира најмалку две недели. Од понеделник ќе се направат нови тестови по што ќе се објави и конечната дијагноза“, информираа од Динамо Букурешт.

Оваа пауза од две недели значи и дека Велковски е неизвесен за собирот на репрезентацијата на 27. мај и натпреварите со Хрватска на 3. јуни во Ријека и Чешка во Прага 10. јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Малку недостасувало за трагедија: Бендтнер нападнат со нож на улица во Данска! 🎥

Поранешниот дански фудбалер Никлас Бендтнер бил нападнат со нож на улиците во неговата зем…