Тимот на Вашингтон Стејт каде што настапува Андреј Јакимовски славеше нова победа во НЦАА лига, овој пат против Универзитет Јужна Калифорнија.
Токму Јакимовски беше еден од најзаслужните за победата против тимот каде штоо настапува синот на Леброн Џејмс. Јакимовски натпреварот го заврши со 18 поени како најефикасен во својот тим, постигна четири тројки, а додаде и уште пет скока.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Брони, синот на Леброн помина 12 минути на паркетот и постигна само два поени, додавајќи и четири лични грешки. Две од тие лични грешки ги направи врз Јакимовски кој преку него погоди и една тројка.
За Вашингтон ова беше 22-ра победа и така продолжи да ја следи Аризона во битката за врвот во Конференцијата.