Добра вест за нашиот сениорски национален тим донесе еднодневната пауза која е предвидена со планот за работа во периодот на подготовки.
Од утрешниот тренинг, предвиден за 10. часот во големата сала на СЦ „Јане Сандански“, стручниот штаб на нашиот сениорски национален тим, ќе го има на располагање и Андреј Јакимовски.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Младиот репрезентативец ја помина првата фаза од рехабилитацијата по операцијата на препоните, од утре ќе почне со тренинзи, и ќе им се приклучи на своите репрезентативни колеги кои го одработија оној уводен, базичен дел од подготовките.
Со забелешка дека оние први тренинзи ќе ги одработи со стручњакот за физика подготовка, професорот Александар Кукриќ.
„По оперативниот зафат со кој ги санирав проблемите со препоните, сакам да видам до каде сум со физичката подготовка. Ќе разговарам со селекторот и кондицискиот тренер на нашиот тим, со цел да направам план за работа во наредните денови. Ќе тренирам одвоено од тимот, но сакам да бидам дел од екипата. Ќе видиме како сето тоа ќе функционира, ми недостасуваат тренинзите со тимот, едвај чекам да бидам на теренот. Нема да форсирам со враќањето, со надеж дека стартот на претквалификациите ќе го дочекам што е можно поспремен“- вели Јакимовски.