Дома Македонски спорт Мак баскет Македонецот Јакимовски би можел да се пријави на НБА драфтот!

Македонецот Јакимовски би можел да се пријави на НБА драфтот!

Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски најави дека би можел да се пријави на НБА драфтот.

На социјалните мрежи Јакимовски најави дека размислува да биде дел од изборот на нови кошаркари во НБА.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Ќе ги разгледам опциите, а размислувам и да се обидам на НБА драфтот. Во исто време постои и можност да се вратам во Вашингтон Стејт“, стои во дел од објавата на македонскиот кошаркар.

Во претходните четири години Јакимовски го носеше дресот на универзитетот Вашинготон, а ако се пријави и на тој начин дојде до НБА ќе стане првиот Македонец кој дошол до најсилната кошаркарска лига на тој начин.

Перо Антиќ досега е единствениот кошаркар од Македонија кој играл во НБА, но тој дојде со директен трансфер во Атланта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…