Дома Фудбал Магијата на Меси против Бетис е „копија“ на негов гол од пред девет години (ВИДЕО)

Магијата на Меси против Бетис е „копија“ на негов гол од пред девет години (ВИДЕО)

messi

Лионел Меси во изминатиот викенд постигна хет-трик против Реал Бетис и така и овозможи на Барселона да стигне до победа од 1:4.

Посебно Меси воодушеви со неговиот трет гол на натпреварот. Аргентинецот тогаш на магичен начин го лобуваше голманот на Бетис и со тоа уште еднаш ги собра аплаузите од фудбалската јавност, а му аплаудираше и целиот стадион иако Барселона играше на гостински терен.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа дека оваа магија на Меси не е случајност докажува и тоа што Аргентинецот пред девет години постигна идентичен гол.

Во сезоната 2009/2010 Меси како еден од најважните играчи во системот на Гвардиола против Тенерифе постигна скоро идентичен гол како и во последниот викенд против Бетис.

Аргентинецот во овој момент е најдобар стрелец во Примера и најсериозен кандидат во трката за „Златната копачка“ на Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хит видео од прославата на Интер: Димарко се мачеше да се качи на пречката 🎥

Интер во понеделникот на „Сан Сиро“ го победи Милан со 1:2 и така ја обезбеди шампионската…