Дома Фудбал Франција „Л’Eкип“ открива: Мбапе бил незадоволен затоа што платата му задоцнила неколку дена

„Л’Eкип“ открива: Мбапе бил незадоволен затоа што платата му задоцнила неколку дена

Минатиот Месец се појави вест дека Килијан Мбапе повторно е незадоволен во ПСЖ и дека сака да си замине иако потпиша нов договор. Сега „Л’Eкип“ ја открива причината за неговото незадоволство.

Како што објави познатиот француски весник причината поради која Мбапе покажал незадоволство е затоа што платата му доцнела неколку дена. На почетокот на октомври Мбапе забележал дека платата не е пристигната и не биле префрлена до 11. Октомври кога „Марка“ ја објави шокантната вест дека сака да си замина.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Парите на сметката на Мбапе „легнале“ два дена подоцна, меѓутоа не во целост и тоа дополнително го налутило фудбалерот. Блиските луѓе на Мбаше се обиделе да добијат објаснување од ПСЖ, меѓутоа не биле задоволни од дадените одговори.

Подоцна платата на Мбапе со сите бонуси во целост била префрлена на неговата сметка, па така и престана да се пишува за негово наводно незадоволство. Треба да се спомене и дека Мбапе во тој период излезе во јавноста сакајќи да ги демантира новите вести за неговото незадоволство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Фудбалерите биле изненадени: Аморим им се заканил дека ќе ги испрати во Бугарија!

Португалецот, Рубен Аморим започна со работа во Манчестер јунајтед, а на Островот пренесув…