Oдлуката на ПСЖ да го отпушти Томас Тухел вчера ја изненади јавноста.
Како што објави „Л’Екип“ најголемо изненадување е што отказот на германскиот стратег дојде само еден ден после победата од 4:0 против Стразбур.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно уште вечерта по натпреварот, некаде околу полноќ на неколку играчи на ПСЖ им било соопштено дека Тухел ќе добие отказ. Тие играчи биле: Маркињос, Мбапе, Кејлор Навас и Нејмар.
Се пишува дека некои биле рамнодушни, но секако не биле среќни поради отказот. Најмногу разочаран бил Нејмар кој бил шокиран кога слушнал сега Тухел заминува.
Во ПСЖ сега треба да пристигне Маурсио Покетино кој во Париз ќе се обиде да ја донесе титулата во Лигата на шампионите, но и во Лига 1 каде што ПСЖ за разлика од минатите сезони не стои како што очекуваше на табелата. Во осминафиналето од Лигата на шампионите ПСЖ ќе игра против Барселона.