Дома Фудбал Англија Лук Шо е повреден, новото засилување конечно ќе дебитира за Јунајтед

Лук Шо е повреден, новото засилување конечно ќе дебитира за Јунајтед

Левиот бек на Манчестер Јунајтед, Лук Шо ќе ги пропушти следните два натпревари на својот тим поради потресот на мозокот што го доби за време на мечот на Англија против Шпанија.

23-годишниот Англичанец, кој одлично ја започна сезоната, веќе се врати во Манчестер, каде беше прегледан подетално од медицинскиот штаб на „црвените ѓаволи“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според „Мирор“, Шо сигурно отпаѓа за гостувањето кај Ватфорд во сабота, а најверојатно нема да биде во конкуренција и за дуелот од Лигата на Шампионите против Јанг Бојс.

Едно од новите засилувања на Жозе Мурињо, Диого Далот, сепак е подготвен да дебитира уште овој викенд, откако се опорави целосно од повредата на коленото поради која претрпе и операција. 19-годишниот Португалец, главно игра како десен бек, но може да одговори и на левата страна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал приреди епски пресврт и повторно е во финале🎥

Реал Мадрид се пласираше во финалето од Лигата на шампиони, откако после драма го победи Б…